Вештачкото езеро акумулација „Градче“ е сместено во подножјето на Осоговските Планини во извонредно живописна клисура, со мошне атрактивна околина. Акумулацијата е со должина од около 3,5 км север-југ, ширина од 150 до 200 м и максимална длабочина од 29 метри во јужниот дел на езерото близу браната (круната). На северната страна на езерото се влеваат Мала и Голема Река кои ја формираат Кочанста Река. Изградено е во 1959 година кај некогашното село Долно Гратче.
Површината на акумулацијата изнесува 0,19 км2, акумулира вода од 2,4 милиони м3 која се користи за индустриски потреби и за наводнување на 576 хектари обработливо земјиште во Кочанско Поле. Освен стопански, езерото Гратче има и туристичко-рекреативен карактер, а на неговиот брег има два објекта со угостителски карактер и хотел. На северната страна на езерото, на самото влевање на Мала и Голема Река се наоѓа археолошкиот локалитет Долно Градиште.
Повеќе информации
Услуги: Релаксација, рекреација, риболов, фотографија
Пристапност: Пристапот до локацијата е со возило или велосипед, со широк двонасочен асфалтен пат, со вкупна должина од 6,2 km. Да, покрај езерото и хотелот.
Maps
Contact
More Information
- Services: Relaxing, recreation, fishing, photography
- Accessibility: Access to the site is with a vehicle or bicycle, usung a wide two-way asphalt road, with total length of 6.2 km. Yes, next to the lake and the hotel.