Доцно-античката и средновековна твдина “Каљата” е укрепен град, изграден во крајот на IV век и почетокот на V век во Западните Родопи.
Ѕидовите на тврдината се изградени од бел малтер врз силно б=денивелиран терен. За време на славјано – аварската инвазија во VI век е издигнат вториот надворешен ѕид со розов малтер. Тврдината имала функција на укрепена населба. Во одделни зони се отворени тесни премини (улички) меѓу зградите. Тврдината е била опожарена во втората половина на VI век, веројатно за време на славјанската инвазија во 70-те години на истиот век, кога е опожарен и големиот центар Места – Никололис ад Нестум, кој се наоѓа во село Гармен. Кон втората половина на XII век тврдината пак била опожарена. Откриени се пет средновековни крстови од XII – XIII век со грчки натписи, посветени на Свети Власиј и Свети Георги. Веројатно бегањето на населението од тврдината е сврзано со конфликтот меѓу Бугарија и Византија.
Повеќе информации
Пристапност: Автобус, автомобил, велосипед, пешки.
Не е пристапен за лица со ограничена подвижност.
Паркинг – бесплатен.
На 3 км пред гр. Јакоруда во правец Разлог – Јакоруда.
Координати: 42°00’13.7″N 23°38’20.9″E
Забележка: Извори: https://bg.wikipedia.org/
Работно време: Слободен пристап.
Maps
More Information
- Accessibility: Bus, car, bicycle, pedestrian. Inaccessible for visitors with mobility limitations. Parking- free.
- Coordinates: 42°00'13.7"N 23°38'20.9"E
- Note: Source: https://bg.wikipedia.org/
- Opening time: Free access.