Зградата, специјално изградена за музејски цели, е со модерна, импресивна архитектура и е поврзана со музејот “Никола Вапцаров”.
Внатрешнот распоред на домот е современ и мултифункционален. Тука се одржуваат постојани и повремени изложби од историски и општо-културен карактер, се одржуваат научни форуми, средби со дејци на културата, кинолектории, се одржуваат спектакли и др.
Во една од салите е постојаната изложба „Банско – книжевен центар“. Реализацијата е послдователна на спроведениот научен симпозиум во 1989 г. на истата тема. По идеја на истакнатиот истражувач на бугарската преродбенска литература проф. д-р. Илија Конев, видни експерти ја потврдија тезата, дека Банско играло значајна улога во создавањето и развојот на бугарската книжевност.
Изложбата содржи разновиден фото и документиран материјал, книги, ракописи и др., кои го покажваат допринесот на месното население во збогатувањето на народната култура. Посебно место е доделено на тројцата титани на националната духовност, кои Банско ги дава на Бугарија со секој нареден век- во ХVІІІв. – Паисиј Хилендарски, во ХІХв. – Неофит Рилски и во ХХв. Никола Вапцаров. Куќата-музеј „Никола Вапцаров“е соединета во еден комплекс заедно со Домот на уметноста.
Повеќе информации
Пристапност: Автомобил, воз, автобус, велосипед, пешки.
Не е достапно за посетители со ограничена подвижност.
Паркинг – платен/бесплатен.
Координати: 41°50’15.4″N 23°29’19.7″E
Забележка: Извори: http://visit-bansko.bg/
Maps
Contact
More Information
- Accessibility: Bus, car, train, bicycle, pedestrian. Inaccessible for visitors with mobility limitations. Parking- paid/free.
- Coordinates: 41°50'15.4"N 23°29'19.7"E
- Note: Source: http://visit-bansko.bg/