Винарска визба ЛОГОДАЖ, основана во 1994 се наоѓа во срцето на прекрасната долина долж реката Струма во југозападна Бугарија.
Ова е најубавиот и најтопол бугарски регион со античка и богата историја и прекрасна природа, регион со илјадници години традиција во лозарството и виното. Единствено во овој дел на светот, во долината на реката Струма, се одгледуваат уникатните бугарски сорти Широк Мелничко Лоза и Рана Мелничка Лоза, со кои винарската визба работи.
Тие се залагаат за развојот и популаризацијата низ целиот свет на овие локални неповторливи сорти, откривајќи единствен потенцијал и создавајќи неповторливи и благородни вина. Производство е целосно оддадено на природните принципи на производство на вино, и употребување на целосно зрело и рачно брано грозје со соодветен процес на ферментација.
Повеќе информации
Услуги: Дегустација на вино при групни посети со претходна најава.
Пристапност: Автомобил, автобус, велосипед, пешки.
Паркинг – бесплатен.
Координати: 41°59’25.5″N 22°56’24.5″E
Забележка: Извори: www.logodajwinery.com
Maps
Contact
More Information
- Services: Wine tasting for group visits by appointment.
- Accessibility: Bus, car, bicycle, pedestrian. Parking- free.
- Coordinates: 41°59'25.5"N 22°56'24.5"E
- Note: Source: www.logodajwinery.com