Жителите и гостите на Благоевград веќе се во можност да се прошетаат по еко-патеката „Крстот“, која го сврзува паркот „Ловен дом“ со христијанскиот комплекс „Ум и вера“ кој се наоѓа во област над градот. Еко-патеката го носи името на симболот на христијанската вера – „Крстот“.
Должината на патеката изнесува 1320 м.
На двете почетни точки – паркот „Ловен дом“ и месноста „Зајачка ливада“, се поставени информативни табли. Патеката поминува преку појас од зеленила и горска шума, а зелени еко – стрелки ќе го покажуватт правецот на движење. За да можат луѓето да се одморат и да и се восхитуваат на прекрасната природа, поставени се клупи на неколку места. Во областа, каде што се наоѓа христијанскиот крст кој е со височина од 33 метри, изграден на највисоката надморска височина, има и други места за одмор, а таму се наоѓа и параклисот „Светиот Дух“. а од ова место, се отвора панорамскиот поглед кон целиот град. По природен пат, еко – патеката го сврзува христијанскиот комплекс „Ум и вера“ со паркот „Ловен дом“, а одтаму, со Младинскиот дом и центарот на Благоевград.
Освен, враќање по истиот пат, еко-патеката има различни варијанти за слегување кон центарот на Благоевград. Слегување по стрмни патеки, како за пешаци, така и за велоспедисти.До комплексот „Ум и вера“, постои можност за пристап со велосипед и автомобил од Благоевград по патот за с. Делвино.
Повеќе информации
Забележка: Извори: Община Благоевград: http://viewblagoevgrad.com/obekti/ekopateka-krasta/
Работно време: Работно време: Вторник – Неделя 08:30 – 19:00
Понеделник – почивен ден
Соодветно време за посета – пролет, лето и есен.
Maps
Contact
More Information
- Accessibility: Bycicle
- Coordinates: http://viewblagoevgrad.com/obekti/ekopateka-krasta/
- Seasonality Spring, summer, autumn