Рутата се наоѓа во најатрактивниот, централен и висок дел на Осоговските Планини, во Општина Македонска Каменица, во атарот на село Саса 2.
Врв Руен
Руен е највисок врв на Осоговските Планини со висина од 2.252 метри. Врвот се наоѓа на самата граница меѓу Република Македонија и Бугарија, и е дел од 100-те национални туристички објекти на Бугарија.
Рутата е со должина од 13 – 14 км, одлична за туристи кои се љубители на чистиот планински воздух, добро физички подготвени и водени од авантуристички дух, и се поминува пеш за 8 часа.
Вкупно совладана разлика во висина: 1260 м
Кондициона тежина: Во лето – 4, Во зима – 7
Техничка тежина – 2
Патеката е достапна во пролет, лето и есен (Мај-Октомври). Во зима, достапноста зависи од снежните врнежи и дебелината на снежната покривка.
До почетната точка на рутата (Базенти со вода и Рудник Саса 1014 м н.в.) може да се дојде со теренско возило или со автомобил – 12 км од Македонска Каменица. За туристи кои се без сопствен превоз можат да користат такси од центарот на Македонска Каменица до село Саса 2.
Повеќе информации
Пристапност: со превозно средство, велосипед и пеш.
Координати: 42.06385791906452, 22.518105610695894
Работно време: Слободен пристап
Maps
More Information
- Accessibility: Car, bicycle, pedestrian.
- Note: Sources of information, additional instructions, etc.
- Opening time: Free access.