Селото Долен е типично високо планинско село (1020 метри надморска височина), кое се наоѓа во југозападниот дел на Дабрашко во Западните Родопи, на 26 км од градот Гоце Делчев.
Изграден од доселеници, кои се спасиле од присилната исламизација во 16-от век, споменувајќи се во турските записи уште во 1671 година. Преродбенскиот архитектурен изглед, кој е зачуван до денес, преку 70-те куќи споменици на културата, во 1977 год. го правиви селото ” Историски и архитектонски резерват “Долен”.
Главните атракции се:
Црквата “Св. Никола “, е изградена во 1834 година во комплекс со ќелијно училиште. Врз иконостасот на оваа црква се насликани икони на Георги Филипов, зограф од Дебарско, кој подоцна се преселува и живее во Габрово. Звукот на камбаните бил штелуван 7 пати додека не се постигне совршен звук. Звукот се слушал на 8 км. одалеченост од селото.
GPS 41°37’35.7″N 23°55’48.1″E
Најинтересни како преродбенски типични улични ансамбли, се крстосниците “Кавалите”, “Николовската чешма” и чаршиската уличка. Селото во минатото било познато по изработката на злато и накит. Селото, исто така, нуди сместување во стари автентични куќи, со население од 447 жители.
Тесните калдрмени улички и карактеристичните стари куќи, изградени во преродбенски стил се навистина интересни. Куќите се градени во типично еркерно наддавање на вториот и третиот кат, со внатрешно уредување, слично на преродбенските куќи во другите села во државата. Дел од таваните се украсувани со резби. Интересна е и црквата која е изградена во 1837год. со чудна резба, како дело на самоуки мајстори.
Насекаде ве обзема неверојатната тишина, жуборот на реката, нежната песна на птиците и тивкото жужење на мувите. Го чувствувате чистиот планински воздух и се чудите, какво место е ова, место каде времето застанало еден век наназад. Планината ви го одзема погледот, со својата зеленина во пролет и лето, со прекрасната белина во зима или со неверојатните бои во есента. Овде секоја сезона ја црта својата неповторлива слика. Историјата на село Долен ќе ве освои, како со факти така и со сеуште неразјаснети тајни. Емоцијата во селото е неповторлива, а овде велат, дека се остваруваат сите желби…
Повеќе информации
Пристапност: Автомобил, велосипед, пешки.
Делумен достап за лица со ограничена подвижност.
Паркинг – бесплатен.
Координати: 41°37’07.4″N 23°56’10.0″E
Забележка: Извори: http://www.satovcha.bg/page/selo-dolen
Работно време: Слободен пристап.
Maps
More Information
- Accessibility: Car, bicycle, pedestrian. Partially accessible for visitors with mobility limitations. Parking - free.
- Coordinates: 41°37'07.4"N 23°56'10.0"E
- Note: Source: http://www.satovcha.bg/page/selo-dolen
- Opening time: Free access.