Должина на алејата: 2,5 км во еден правец
„Алејата на здравјето“ го сврзува центарот на градот со парк „Бачиново“. Наменета е за пешачки прошетки во природата со обележана велосипедска патека, во продолжение до Парк „Бачиново“. Алејата е изградена паралелно по течението на река Благоевградска Бистрица, а по нејзината должина се направени одделени места за одмор, детски игралишта, угостителкски објекти, аквапарк, места за пикник и плажа покрај реката. Алејата е најпосетувано и најпреферирано место за прошетка низ природата, на сите благоевградчани и гости на градот, во текот на целата година.”Алејата на здравјето” е одлична за еднодневна прошетка, истовремено користејки ги, атркациите по нејзината должината, како и посета на атракциите кои Ве очекуваат во парк “Бачиново” – прошетка со педалинка, посета на паркот со јажињата “Коколандија”, детски игралишта, спортска терени на отворено, места за пикник, велопарк за љубителите на велосипедизмот и многу други атракции, и се тоа во зависност од периодот на посета во текот на целата годината.
Повеќе информации
Пристапност: Пешачка и велосипедска патека
Забележка: До почетната точка на алејата, со автомобил се стигнува од ул. Александар Стамболијски“ (кварт “Вароша”) во правец кон ул. „Христо Силјанов“ (Џамијата). Веднаш после мостот над река “Благоевградска Бистрица” од левата страна има платен паркинг и скали од каде што започнува на алејата.
Работно време: целогодишно
Maps
Contact
More Information
- Accessibility: Walking and cycling
- Note: The starting point can be reached by car from Alexander Stamboliiski Str. (Varosha district) towards Hristo Silyanov Str. (the Mosque). Right after the bridge over the river Blagoevgradska Bistritsa there is a paid parking on the left and stairs where the alley begins.
- Seasonality all year round