с. Бурилчево – Археолошки локалитет „Пилавот“ – Локалитетот Пилаво кај село Бурилчево, потекнува од енеолитот, на кој долго време не се работело ништо, и се во план археолошки истражување за откривање на нови артефакти, уште од 2010. Откриените артефакти од овој локалитет, според археолозите, се идентични со откриените артефакти на археолошкиот локалитет Св. Атанасиј кај село Спанчево, Кочанско, со што се потврдува поврзаноста на овие два локалитета од левата и десната страна на Брегалница. Во него се откриени траги од бедем што опфаќал поголем зарамнет простор во кој останало многу градежен материјал и керамика. Овде се откопани и неколку римски питоси.
Црква “Света Богородица” е исто така во село Борилчево. Црквата е од 12 век, чии што икони и фрескоживописот се од непознат автор.
Повеќе информации
Пристапност: со превозно средство, велосипед, пеш.
Координати: N 41.8735347, E 22.290560700000015
Работно време: Отворен пристап
Maps
More Information
- Accessibility: Bus, car, pedestrian.
- Opening time: Free access.