Буџет на проектот - 118 812.25 евро
- Буџет на Водечкиот партнер – 61 233.71 евро
- Буџет на партнер – 57 578.54 евро
Рок на договор: 15 месеци
Период на исполнување: 18.10.2016 – 17.01.2018
Региони во кои се имплементира: Област Благоевград, Бугарија и Источен регион на Македонија
Општа цел:
Засилување на прекуграничната соработка помеѓу луѓето и институциите во регионот со цел за заедничко справување со општите предизвици и искористување на потенцијалите за развивање на прекуграничниот регион.
Специфични цели:
Користење на ИКТ за популаризација на понудените туристички производи и услуги за постигнување на балансиран развој на туризамот во регионот.
Насочени активности за влијание врз социо-економскиот развој на регионот преку обединување на силите на заинтересираните страни и работа во мрежа.