Објектот се наоѓа на излезот од с. Видовиште, на патот кон манастирот Св. Петка во Видовиште, од левата страна.
И овој манастир е од редот на поновите манастири, изграден во 1980 година од страна на фамилијата на една млада девојка од селото, по име Ленче. Долго била измачувана од светиите се додека не ископале на сонуваното место и пронашле крст, огниште и лековити води. Тука веднаш до манастирот има три лековити води посветени на Св. Спас, Св. Богородица и Св. Јован. Водите се посетени од лицата кои имаат проблеми со мажачка, со очите и немаат деца. Рамото (денот) на манастирот е на „Св. Спас“ секоја година каде луѓето доаѓаат, оставаат дарови, се молат за здравје и се служи манастирска храна (манџа).
Културно богатство. Објектот е од национално значење.
Повеќе информации
Услуги: Възможно е паркиране в центъра на село (автобусна спирка) на за малък брой посетители.
Пристапност: Пристапот до објектот е пеш, со велосипед и со теренско возило. Почетна точка е дворот на манастирот. Доколку е отворено може да се влезе внатре, да се запали свеќа и сл.
Координати: N 41.8462782, 22.400834199999963
Забележка: Црквата обично е отворена преку ден. Доколку е затворена за влез е потребно присуство на клисарот.
Работно време: Слободен пристап
Maps
More Information
- Accessibility: Car, bicycle, pedestrian. Parking is possible in the center of the village (bus stop) for a small number of visitors.
- Coordinates: N 41.8462782, 22.400834199999963
- Note: Sources of information, additional instructions, etc.
- Opening time: Free access.