Општина Симитли се наоѓа помеѓу четирите планини Пила, Пирин, Вахина и Малешевска планина, пресечена од река Струма, дарувана со чудни форми на природата, со чисто историско наследство и богат културен полнеж.
Општина Симитли – “детелината” на меѓународните коридори. Низ неа поминуваат патишта важни за Бугарија и Европската унија, и патишта кои водат кон Грција и Македонија. Од овде поминува и патот за зимскиот главен град на Балканот – Банско. На територијата на општината се наоѓаат и делови од Национлниот парк “Пирин” и “Рила”. Големиот број на заштитени области со ресурси за еко – туризам и пешачки патеки.
Десетици минерални извори со лековити својства, се вистинското богатство за претворањето на општината во балнеолошки центар. Коматинските карпи се емблемот на општина Симитли. Чудните карпести форми, кои достигнуваат до 100 метри височина, се објекти со национало значење. Величествеите карпести форми, познати под името “Коматиница”, кои се извишуваат над село Брестово во планината Влахина, на 25 км од градот Симитли, и на 42 км јужно од Благоевград.
Симитли се прославува со името “Света гора на Пирина”. На една шепа плоштина, се обележани десетици високи места, енергетски места, вековни дрвја и месности со магнетна сила. Над 50 цркви, параклиси и маастири. Во регионот се наоѓаат црквата “Св. Архангел Михаил”, с. Крупник -изградена во 1932 година – едниствената црква во Бугарија, која е куполна, крстокуполна и корабна, и црква со исто име во Брестово – изградена на местото на Тросковскиот маастир од 1149 година, црква изграден апо уникатна рецепта, каде древните мајстори ги спојувале камените со малтер, натеопен во млеко.
На територијата на општината има многубројни археолошки споменици од трако-римската, доцно-античката епоха и од Средновековието. Општината има богато културно наследство и е чувар на бугарските традиции. Секоја година во јануари, на стадионот во град Симитли, се спороведува Меѓународниот кукерски фестивал и маскарадните игри, “Симитлија” – “Античката земја на кукерите”. За време на фестивалот од Бугарија и другите држави, се собираат кукери, бабугери и чауши и творат пред многубројната публика, невидено кукерско дефиле, кое мислиш дошло од древното време.
Повеќе информации
Услуги: Јавни услуги.
Пристапност: Автобус, автомобил, воз, велосипед, пешки.
Достапен за лица со ограничена подвижност.
Паркинг – бесплатен.
Координати: 41°53’31.6″N 23°06’39.0″E, 41.892121, 23.110842
Забележка: Извори: www.simitli.bg
Работно време: Општина Симитли
Понеделник – петок: 08:30 – 17:00
Почивни дни: събота и неделя
Maps
Contact
More Information
- Services: Public services.
- Accessibility: Bus, car, train, bicycle, pedestrian. Accessible for visitors with mobility limitations. Parking- free.
- Coordinates: 41°53'31.6"N 23°06'39.0"E, 41.892121, 23.110842
- Note: Source: www.simitli.bg