Манастир “Света Богородица – Живоприемен извор” е активен женски манастир. Сместен е во источните падини на Пирин планина.
Манастирот е прогласен за споменик на културата со локално значење.
Денешниот манастир е изграден врз темелите на постара црква од која се зачувани столбови, капители и фрагменти од извајаниот мермерен фриз.
Обновата на манастирот започнува во март 1888 година со изградбата на камен ѕид и фонтана, а во 1898 година започнува изградбата на црквата и собите за верници. Храмот е осветен во јули 1901 година. Зад црквата се наоѓаат монашки ќелии.
Во 1949 година ќелиите и просториите за верниците се уништени од пожар предизвикан од привремено сместени бегалци – Бугари од Егејска Македонија. Во март 1898 година станува женски манастир.
Храмот има 42 скапоцени икони од 19 и 20 век. Манастирската црква е еднокорабна, едноапсидна со трем од запад и полуцилиндричен сводест покрив. При последната реконструкција од запад над официјалниот влез е подигната камбанарија, а до северниот ѕид е доизградена просторија која служи за крштевки. Во дворот има кладенец со света вода.
Повеќе информации
Пристапност: Автомобил, автобус, велосипед, пешки.
Достапен за лица со ограничена подвижност.
Паркинг – безплатен
На 2,5 километри од град Гоце Делчев на патот за село Делчево.
Координати: 41°33’52.7″N 23°42’32.7″E
Забележка: Извори: https://bg.wikipedia.org/, http://svetimesta.com/
Празник на манастирот е Светли петокот (првиот петок по Велигден), кога се слави “Живоприемни извор” или Мал Велигден, поврзан со едно од чудата на Света Богородица. Вториот празник е Св. Пантелејмон на 27 јули.
Работно време: Активен женски манастир.
Maps
More Information
- Accessibility: Bus, car, bicycle, pedestrian. Accessible for visitors with mobility limitations. Parking- free. Appropriate clothing for visiting a religious temple.
- Coordinates: 41°33'52.7"N 23°42'32.7"E
- Note: Source: https://bg.wikipedia.org/; http://svetimesta.com/