Абланица е туристичка населба распространета на двете страни на реката Брегалница, во истомената долина. Се наоѓа на 2 km од Берово и е место со најмногу и најатрактивни археолошки локалитети во општината. Овие локалитети моментално не се достапни за пошироката јавност или не се истражени, но се потенцијал за проширување на оваа рута во иднина.. Во населбата има околу 130 викенд куќи, а дел од нив се приватни сместувачки капацитети во општината, за изнајмување и престој на гости. Исто така Абланица е поврзана и со туристичката населба Равна Река во Општина Пехчево со пешачка патека која е долга само 4,1 километри, а исто така преку неа минува и пашечка патека Берово – Абланица до Беровско Езеро (Патека 4). Поради големата популарност на населбата, за потребите на туристите била изградена црквата „Св. Недела и Св. Петка“.
По локален пат од Пехчево се доаѓа до Туристичката населба Равна река.
Туристички локалитет „Равна Река“ – Летниковци и бараки, местото е соодветно за одмор и рекреација и правење на пикниг. Овој туристички локалитет изобилува со бујна вегетација, рамнини и водопади, познати како Пехчевски водопади. Пехчевските водопади, вкупно четири, се нарекуваат место од каде што црпите природна сила и се вистинска уметност на природата, создадена по течението на реката Брегалница.
Повече информация
Достъпност: сo превозно средство, велосипед, пеш
Координати: N 41.7060632, E 22.85523790000002
Работно време: Свободен достъп.
Maps
Contact
More Information
- Coordinates: N 41.7060632, E 22.85523790000002